Концепција Новиот автентичен SUV
Од добар кон одличен
Нашиот нов SUV знаменосец Rexton G4 e проектиран така, да дава повеќе во секој поглед. Сега Rexton е посигурен, посилен, попросторен и постилски од било кога. Овој автентичен 4х4 вози прекрасно, независно дали е на пат, или надвор од него, а технологиите во кабината му даваат нов, повисок стандард на удобност, забава и заштита.
Екстериер Солиден и харизматичен
Величествена силуета
Решетката на ладилникот со форма на развиени крила и отсечените линии на предницата создаваат SUV со класичен изглед, a динамичната странична линија ја потцртува убавата и импресивна силуета на Rexton. Дрскиот и истовремено софистициран изглед е акцентиран со хромираната линија на предниот браник, од лакираната со висок сјај црна подкартерна заштита и интегрираните трепкачи и лампи во страничните огледала.
Задниот спојлер со вградено дополнително стоп-светло го потенцира спортскиот дух на Rexton и ја зголемува патната безбедност. Хромираната лајсна која ја сече петата врата додава рафинираност, а цевката на издувниот систем е сокриена, за да не ја нарушува елегантната линија на задницата. LED осветлената регистарска табличка и вратите што во целост ги сокриваат страничните прагови, допринесуваат за перфектниот финиш на возилото.
Палета на бои (Екстериер)
Изборот на бои на автомобилот во голема мера ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежното "Благородно бело" до класичното "Космичко црно", Rexton може да биде порачан во различни елегантни бои.
Изборот на бои на автомобилот во голема мера ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежното "Благородно бело" до класичното "Космичко црно", Rexton може да биде порачан во 6 различни елегантни бои.
Забелешка за боите: Нијансите на бојата може малку да се разликуваат од покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и нагодувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, да направите споредба со мострите на бои кои се достапни кај Вашиот авторизиран дилер.
Забелешка за боите: Нијансите на бојата може малку да се разликуваат од покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и нагодувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, да направите споредба со мострите на бои кои се достапни кај Вашиот авторизиран дилер.
Ентериер Простран и флексибилен
Комфор и простор за возачот и патниците
Двете седишта во првиот ред се вентилирани, а седиштата на првиот и вториот ред се со загревање.
До три возачи можат да ги зачуваат своите подесувања за позицијата на возачкото седиште и огледалата.
Просторот за нозете на патниците од вториот ред седишта е огромно, благодарение на оптимизираниот просторен дизајн на ентериерот, а вториот ред седишта може да се преклопи за постигнување на максимална товарна носивост.
7 места за седење
Адаптивност на ентериерот
Новиот Rexton e неверојатно флексибилен. Достапен во верзии со 5 или 7 места, а и двете располагаат со огромен товарен капацитет.
Кај моделот за 5-мина вториот ред седишта се спушта комплетно со што се добива рамен багажен простор за обемни товари со волумен од 1,977 литри.
Како и кај моделот со 5 седишта, така и кај тој за 7-мина вториот ред седишта се дели во сооднос 60:40 со преклоплив централен подлактник.
Кај моделот за 7-мина, седиштата од третиот ред можат да се преклопат индивидуално во сооднос 50:50 за уште поголема флексибилност. Достапот до задните седишта е олеснет од двојно преклопливите седишта од вториот ред.