Дизајнерска Концепција Стилски автомобил со зголемена проодност
Стилски автомобил со зголемена проодност
Нова платформа, нов дизајн, нови мотори – нашиот нов "Gangnam style" Korando внесува свеж пристап на пазарот на компактните кросовери. Јужнокорејскиот SUV специјалист SSangYong воведе значајни иновации во својата четврта генерација Korando, кое го олицетворува модерниот и динамичен градски шик. Дизајниран и развиен со мислата за ниска потрошувачка на гориво, привлечната визија на стилски семеен хечбек со авантуристички дух и проодноста на SUV, Korando во целост ги задоволува потребите на современиот човек.
Проектиран и разработен за високоеколошка ефикасност, Korando се одликува со неверојатна економичност и ниски емисии на јаглероден диоксид. Докажаната сила и безбедност, коишто се во гените на еден вистински SUV, заедно со комфорот и рафинираноста на премиум марка како SSangYong, го исфрлаат Korando во врвот на она што може да се добие во оваа класa на SUV-а со средна големина.
Екстериер Рафиниран универзален стил
Привлечен и комфорен за секого
Дрска атлетска силуета
Секој елемент во изгледот на Korando е замислен така, да ги потцрта моќната и доверлива AWD-проодност.
Харизматичната предница на Korando, решителната линија на агловитите фарови, спортската решетка на ладилникот, изразените решетки за проток на воздух, заедно со хромираните елементи и карактерни предни крила го дополнуваат динамичниот профил.
Двобојниот заден дел со двоен ауспух совршено го потцртува динамичниот изглед на овој спринтер. Карактерната линија од фаровите до стоповите ги следи контурите на каросеријата за да ја заокружи совршената атлетска форма на Korando.
Екстериерот на Korando остава впечаток со агресивните графички елементи, кои дополнително ја засилуваат концепцијата за моќ, облечена во елеганција.
Палета на бои (Екстериер)
Изборот на бои на автомобилот во голема мера ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежното "Благородно бело" до класичното "Космичко црно", Korando може да биде порачан во 4 различни елегантни бои.
Изборот на бои на автомобилот во голема мера ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежното "Благородно бело" до класичното "Космичко црно", Korando може да биде порачан во 4 различни елегантни бои.
Забелешка за боите: Нијансите на бојата може малку да се разликуваат од покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и нагодувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, да направите споредба со мострите на бои кои се достапни кај Вашиот авторизиран дилер.
Забелешка за боите: Нијансите на бојата може малку да се разликуваат од покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и нагодувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, да направите споредба со мострите на бои кои се достапни кај Вашиот авторизиран дилер.
Ентериер Чист и ергономичен
Дизајн на ентериерот во Зен стил
Ентериерот на Korando го рефлектира источниот дух на умереност и суптилност. Исклучително стилската арматурна табла е инспирирана од крилата на жерав, а инструмент таблата, составена од два големи покажувачи разделени од дигитален дисплеј, е чиста и лесно прегледна. Дизајнерите на Korando успеале да го оптимизират просторот така, што постигнале максимален комфор и практичност во еден висококвалитетен ентериер, ориентиран кон возачот.
Внатрешен простор Функционален и флексибилен
Адаптивност на ентериерот
Сите седишта во Korando можат да се навалат, за да го осигураат нужниот комфор на возачот и на патниците. Задните седишта се преклопуваат на мноштво начини зголемувајќи го товарниот простор, додека различните прегради го прават багажот добро подреден и заштитен.