Нови технологии - нови можности
Како да бидеш актуелен, специјален и привлечен
Верзиите Style, Comfort и Premium имаат интелигентна инструмент табла која што свети во шест различни бои, кои можете да ги смените во зависност од расположението, а сите верзии се сериски опремени со борд компјутер кој ги прикажува: притисокот во гумите, просечната и моментална потрошувачка, изминатото растојание, колку километри ви остануваат до празнење на резервоарот, и надворешната температура.
Водечка динамика во класата
Високотехнолошки функции за подобрување на ефективноста и зголемено задоволство при возењето.
Новите бензински мотори на Tivoli, кои се усогласени со стандардот Евро 6 за емисии на издувни гасови, можат да се комбинираат со преден, или 4х4 погон. Специјално оптимизираните 6-степен механички и 6-степен автоматски менувач AISIN, гарантираат меко возење и одлична динамика.
Сигурност Семејството на прво место
Tivoli e исклучително цврст и сигурен
Создаден од SsangYong - производител на високопроодни автомобили и со огромно искуство зад себе, Tivoli е проектиран така да гарантира издржливост – како на патот така и надвор од него. Над 70% од конструкцијата на кабината е изработена од исклучително цврст челик, а како би се свела на минимум деформацијата при удар, 10 клучни зони се дополнително засилени така што се пресувани на висока температура.
За уште поголема заштита на сите патници, Tivoli е опремен со 7 воздушни перници - вклучително за колената на возачот, како и со редица модерни системи за сигурност како што се двојни предзатегнувачи на појасите на петте седишта, звучна сигнализација за незакопчан појас, ISOFIX конектори за детски седишта и најновите електронски системи за активна заштита, кои му помагаат на возачот избегнување на разни опасности на патот.