Концепција Доверливост комбинирана со рафинираност
Употреблив и уникатен
Musso е создаден со идејата да понуди максимална вредност и употребливост за вложените пари, точно како што и биле замислени првите пикапи како тип на автомобили.
Екстериер Две можни должини на каросеријата
Разноврсност, за максимална вредност
Musso се произведува во верзии со двојнa кабинa и две должини на каросеријата.
Класичниот Musso (Rexton Sports во Кореја) е луксузно мулти-функционално превозно средство со спортски дух.
Продолжената верзија - Musso Grand - е маркантен работен пикап, готов да ги исполни сите поставени задачи на фармата, во магацинот или на полето.
Musso и Musso Grand се привлечни автомобили, кои не само што ги исполнуваат, но и ги надминуваат очекувањата од еден пикап.
Палета на бои (Екстериер)
Изборот на бои на автомобилот во голема мера ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежното "Благородно бело" до класичното "Космичко црно", Musso може да биде порачан во 8 различни елегантни бои.

Забелешка за боите: Нијансите на бојата може малку да се разликуваат од покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и нагодувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, да направите споредба со мострите на бои кои се достапни кај Вашиот авторизиран дилер.

Ентериер Висококвалитетен и практичен
Пријатна и комфорна кабина
Ентериерот на Musso е рафиниран и елегантен. Седиштата се со ергономска конструкција, за да не го заморуваат корисникот дури и при долги патувања.
Вградените џебови во сите врати можат да соберат карти, шишиња со вода и други неопходности и се лесно достапни.
Во централната конзола се вградени USB-порт, штекер за полнач и двоен држач за чаши, додека патниците на вториот ред располагаат со сопствени држачи за чаши и држачи на B-столбовите кои помагаат при влегување и излегување.