Технологии Воведуваме најнови решенија

musso tech cover
Спремен за акција

Musso е многу издржлива машина со сигурно држење на патот, лесно приспособлива кон секоја зададена задача. Впечатливата работа на моторот и неговото оптимално поведение при различни услови, го прават возењето забавно и лесно. Извонредниот вртежен момент веќе на ниски вртежи и максималниот вртежен момент во широк распон на работење, овозможуваат моќен старт и суверено забрзување при претекнување.

Турбодизел агрегатот на Musso со моќ од 202 к.с. обезбедува вртежен момент од 441 Нм, а непостојаниот 4x4 погон со редуктор и електронските асистенти за возачот (Електронска Програма за Стабилност и Активна Заштита од Превртување) ви обезбедуваат сигурна контрола на патот и вон него.


Мотор и трансмисија Огромен вртежен момент и нежно префрлање на брзините

musso engine
Мотор: 220 e-XDi

Новиот високоефективен и исклучително тивок 220 e-XDi турбодизел агрегат достига 202 к.с. при 3800 врт./мин. и максимален вртежен момент од 441 Нм при 1,600~2,600 врт./мин. Проектиран за висок вртежен момент од многу ниски вртежи, тој овозможува лежерно патување, независно од условите, независно од товарот.

Автоматски менувач

6-степената автоматска менувачка кутија на Musso е од реномираниот јапонски производител Aisin SEIKI. Позната е по беспрекорното менување на степените на пренос и успешно се справува со огромниот вртежен момент на моторот.

Рачен менувач

6-степената рачна менувачка кутија со меко менување на брзините обезбедува максимална контрола, независно од условите. Идеална е за возење надвор од патот и за влечење или пренос на тешки товари.


Погон Непостојан 4x4 со блокада на диференцијалот

musso 4x4
Непостојан 4x4

За поголема ефективност и економичност Musso е опремен со систем за непостојан 4х4 погон, кој што ги задвижува задните тркала при нормални патни услови. Задвижувањето на 4-те тркала може да биде избрано по електронски пат, кога е неопходно, а за најтешките услови вон патот на располагање е и редуктор.

musso locking differential
Блокада на диференцијалот

При кал или снег, гумата од едната страна може да започне да пролизгува или дури да загуби контакт со патната подлога. Ако тоа се случи, блокадата на диференцијалот ќе ги ограничи двете тркала на истата оска да се вртат со иста брзина, а кое што ќе му овозможи на автомобилот да си ја поврати тракцијата.


Суспензија Две можности според потребите

musso 5-link suspension
Независна задна суспензија со 5 точки
musso leaf spring suspension
Задна суспензија со листови

Сигурност Секогаш врвен приоритет

musso safety cover
Цврста конструкција врз шасија

Концептуално новата четирислојна шасија не допушта продор на звуци од патот и од моторот во кабината. Истовремено, во случај на несреќа, ја сведува до минимум можноста за повреди на патниците во автомобилот.


musso airbags
6 воздушни перници

Безбедноста на Musso е зголемена со вградувањето на 6 воздушни перници:

• Воздушна пернициа за седиштето на возачот

• Воздушна перница за седиштето на патникот до возачот

• Странични воздушни перници на првиот ред седишта (лева и десна)

• Воздушни перници-завеси (лева и десна)