Специалистот по SUV од 1954
![Ssang Yong's concepts](../../images/pics/SY-range.jpg)
Направено со гордост во Кореја
SsangYong е четвртиот по големина и најстариот производител на автомобили во Јужна Кореја. Основана во 1954 година, денес компанијата SsangYong Motor е светски признат премиум производител на високопроодни автомобили со целосна гама на 4х4 и луксузни превозни средства.
![SY production](../../images/pics/SY_production.jpg)
66 години перфекционизам
Компанијата SsangYong отсекогаш се специјализирала во производството на 4x4, а нејзиното името (на корејски "два змеја") се сврзува со редица други реномирани автомобилски марки, вклучително Мерцедес-Бенц.
Седиштето на SsangYong Motor Company се наоѓа во главниот град Сеул, а модерната фабрика во Пјонгтек (Јужна Кореја) каде што се произведуваат автомобилите, се гордее со својот бескомпромисен квалитет и традиционално врвен инженеринг.
Во 2020-та година корејскиот премиум производител ја одбележа својата 66-та годишнина.