Исклучителни карактеристики во функција на зголемена ефикасност и максимална забава при возењето
Креиран од SsangYong, исклучително искусен производител на 4WD возила, целокупната структура на Rexton W е дизајнирана за стабилни возни својства на патот и надвор од него. Новиот погонски склоп со напредни технологии овозможува врвно возачко искуство какво што може да се добие само од вистински off-roader.
Перформанси подобри од било кога
Новата моторна единица на Rexton, RX200e-XDi со зафатнина од 2000 цм3, може да се пофали со подобрување на економичноста за 14% во однос на претходната генерација, и е во согласност со Еуро 5 стандардот за емисија на издувни гасови. Моторот е развиен така да испорача максимален вртежен момент при ниски вртежи, на тој начин овозможувајќи врвна ефикасност и подобрени перформанси. Максималната излезна сила е 155 К.С. при 4.000 вртежи во минута, а веќе на 1.000 вртежи во минута на возачот му се достапни 190Nm вртежен момент – особено значајни за тргнување без никаков проблем. Максималниот вртежен момент се одржува во рамките на 1,500-2,800 врт./мин., каде што моторот работи поголемиот дел од времето и испорачува супериорна сила за претекнувања без стресови.
Новиот RX200e-XDi моторот е во состојба да ги испорача своите најдобри перформанси дури и кога условите за возење се мошне лоши. Употребата на моторно масло со низок вискозитет (5W 30) кое ги задоволува екстремните барања при тестирање на Mercedes-Benz, овозможува интервалите на промена на маслото да бидат помалку чести (најмногу на секои 15,000km), додека иновативниот multi-twister систем значително ја намалува потрошувачката на моторното масло.
Квалитетните мануелен или автоматски менувач ќе ги задоволат сите стилови на возење
Преносните односи на 6-степениот мануелен менувач се развиени така да го подобрат забрзувањето, истовремено нудејќи високо економично возење при ниски брзини на моторот на автопат. Ефикасноста и трајноста се исто така подобрени благодарејќи на оптимизираното подмачкување со масло, а особено внимание е посветено на намалување на звуците при било која брзина.
Е-Tronic автоматскиот менувач, изработен со помош на Mercedes-Benz технологија, обезбедува мазна и тивка промена на брзините. Напредната AI програма го следи целокупното функционирање на возилото и може да ги предвиди намерите на возачот, додека пак оптималната промена на степените на пренос обезбедува најдобри возни перформанси при било која брзина, истовремено намалувајќи ја потрошувачката на гориво.
Лимузинска нежност, SUV робусност
Rexton W ја имплементира истата напредна технологија која можете да ја сретнете во лимузините од највисока класа, како би се испорачале врвни возни својства и би се обезбедило највисоко ниво на удобност. Патувањето во овој SUV ветува максимално задоволство како за возачот така и за патниците.
Напреден систем на потпирање, за безбедно и пријатно возење
Предните тркала се поддржани со по две вилушки секое - една долна и една горна, како би се постигнал оптимален контакт со патот заради подобра стабилност при возењето. Дополнителна мекост овозможуваат гасните амортизери со двојно дејство, стабилизаторите и спиралните пружини.
Rexton W ги имплементира истите напредни системи за суспензија кои можат да се сретнат во лимузините од највисока класа, како би се постигнала супериорна амортизација – нешто што е од суштинско значење кога станува збор за управувачките способности на возилото и удобноста при возењето. Секоја од точките (врските) си има своја специфична задача при усмерување на тркалото а во функција на обезбедување максимална стабилност и супериорни управувачки способности при секоја промена на условите на патот. Покрај тоа, тркалата се движат независно едно од друго, на тој начин редуцирајќи го движењето на шасијата на груби површини и одржувајќи оптимална контрола во сите услови.
Part-time 4WD: Доживејте автентично SUV искуство
Part-time погонот на 4 тркала е едноставен и обезбедува одлични возни својства. Вообичаено, возилото е задвижувано само од задните тркала на тој начин редуцирајќи ја потрошувачката на гориво поради намаленото триење на тркалата со патот. Возачот може мануелно да го вклучи погонот на сите 4 тркала секогаш кога му е неопходна зголемена тракција, дури и во возење.
2WD режим - високи преносни односи
При нормални услови на возење, 100 проценти од вртежниот момент на моторот се пренесува на задните тркала, така што Rexton функционира со најголема можна ефикасност.
4WD режим - високи преносни односи
Возачот може мануелно да го вклучи погонот на сите 4 тркала секогаш кога му е неопходна зголемена тракција, дури и во возење. Технологијата исто така доаѓа до израз кога е потребна влечна сила на нагорнина, овозможувајќи му на Rexton да тргне од место нежно и безбедно во секоја пригода.
4WD режим - ниски преносни односи (4WD заклучување)
Користете го овој режим секогаш кога имате потреба од еднаква дистрибуцијата на влечната сила помеѓу предните и задните тркала до брзина од 40 км/ч., со едноставно притискање на копче. Заклучување (блокада) на диференцијалот е нешто што е апсолутно неопходно за секој кампер или љубител на природата, како и за оние возачи кои ги користат пристанишните рампи при внесување/изнесување пловила во/од водените површини.