Високотехнолошки функции за подобрување на ефективноста и зголемување на задоволството при возењето
Новиот Korando Sports има еден од најмоќните мотори во својата класа и има капацитет на влечење од 2,300 килограми. Товарниот дел располага со доволно место за транспортирање на ски- и кампинг опрема, велосипеди и секаква опрема која е неопходна за практикување на спортови на отворено.
Моќен и економичен
Korando Sports е задвижуван од нов турбодизел мотор со директно впрскување, со работна зафатнина од 2,2 литри и сила од 178 к.с., и во потполност го задоволува европскиот стандард за емисија на издувните гасови Euro 6. Моторот е конципиран така, да обезбедува максимален вртежен момент при ниски вртежи, а тоа пак се изразува во форма на поголема ефективност и уште подобра динамика. Максималниот вртежен момент е на располагање помеѓу 1,400-2,800 врт./мин., токму во оној распон во кој моторот работи во најголем дел од времето, а тоа пак гарантира и одлично забрзување при претекнување.
Во Корандо Спортс се користени и нови технологии кои го намалуваат шумот и вибрациите, а на тој начин го зголемуваат комфорот при возење независно дали поаѓате, забрзувате или забавувате.
Mеханичка или автоматска менувачка кутија - за сечиј стил на возење
Преносните односи на 6-степениот мануелен менувач се развиени така да го подобрат забрзувањето, истовремено нудејќи високо економично возење при ниски брзини на моторот на автопат. Ефикасноста и трајноста се исто така подобрени благодарејќи на оптимизираното подмачкување со масло, а особено внимание е посветено на намалување на звуците при било која брзина.
Автоматскиот менувач на водечкиот јапонски производител Aisin Seiki овозможува меко и тивко префрлување на брзините. Напредната вештачка интелигенција го следи движењето на автомобилот и може да ги предвиди намерите на возачот, додека оптималната смена на степените на пренос се грижи за најдобри можни перформанси при возење со висока брзина, истовремено подобрувајќи ја економичноста.
Благодарение на рачниот режим Thumbs up (само со 6-степен А/Т) можете да се насладувате на динамичното возење, користејќи ги копчињата кои се наоѓаат на рачката од менувачот и на самиот волан.
одат рака под рака
Поставен врз самостоен трослоен челичен рам (шасија), нешто кое што е заштитен знак на секој сериозен оф-роудер, новиот Korando Sports поседува многу силна структура, на тој начин заштитувајќи ги патниците во случај на судар. Избегнувањето на несреќи и стабилноста на патот и вон него се засилени од електронската стабилизирачка програма (ESP) – нешто што ретко се наоѓа при повеќето пикапи; но и од стандардно вградените: активната заштита против превртување (ARP) и асистент за тргнување на нагорнини (HSA).
Софистицираната Електронска Стабилизирачка Програма (ESP) ги следи условите на патот и положбата на автомобилот и е во секој момент спремна автоматски да ја регулира моќта на моторот и силата на сопирање, доколку возачот на било каков начин изгуби контрола на мокар или заледен пат или заради остар завој при висока брзина.
Системот за следење на притисокот во гумите (Tyre Pressure Monitoring System) постојано го мери притисокот во гумите и кога ќе детектира некоја аномалија, го предупредува возачот со соодветен аларм, а во зависност од степенот на итност.
Предната суспензија со двојни вилушки на Korando Sports е мудро вклопена со мултилинк суспензијата со 5 точки одзади.
Part-time 4WD: Доживејте автентично SUV искуство
Непостојаниот (Part-time) погон на 4 тркала е едноставен и обезбедува одлични возни својства. Вообичаено, возилото е задвижувано само од задните тркала на тој начин редуцирајќи ја потрошувачката на гориво поради намаленото триење на тркалата со патот. Возачот може мануелно да го вклучи погонот на сите 4 тркала секогаш кога му е неопходна зголемена тракција, дури и во возење.
2WD режим - високи преносни односи
При нормални услови на возење, 100 проценти од вртежниот момент на моторот се пренесува на задните тркала, така што Rexton функционира со најголема можна ефикасност.
4WD режим - високи преносни односи
Возачот може мануелно да го вклучи погонот на сите 4 тркала секогаш кога му е неопходна зголемена тракција, дури и во возење. Технологијата исто така доаѓа до израз кога е потребна влечна сила на нагорнина, овозможувајќи му на Korando Sports да тргне од место нежно и безбедно во секоја пригода.
4WD Lock - 4х4 со заклучен диференцијал
Користете го овој режим секогаш кога имате потреба од еднаква дистрибуцијата на влечната сила помеѓу предните и задните тркала до брзина од 40 км/ч., со едноставно притискање на копче. Заклучување (блокада) на диференцијалот е нешто што е апсолутно неопходно за секој кампер или љубител на природата, како и за оние возачи кои ги користат пристанишните рампи при внесување/изнесување пловила во/од водените површини.