Возачкото место изобилува со додатоци
Црната централна конзола на Korando Sports дава чувство на софистицираност и авангардност во кабината. Воланот се загрева, се регулира во височина и е обложен со природна кожа. Карбон шарата на декоративните апликации ја подцртува елегантноста на рачката на менувачот. Осветлувањето на инструментите и на аудиосистемот во оранж боја го олеснува читањето на покажувачите ноќе и истовремено создава мека и пријатна атмосфера во кабината.
Борд компјутерот со дисплеј поставен во центарот на арматурната табла, го следи и запишува поминатото растојание, поминатото време и потрошувачката на гориво. Шесте можни подесувања на осветленоста ја оптимизираат видливоста според конкретниот дел на денот или ноќта, а високоефективните диодни светла ја подобруваат читливоста на параметрите.
Толку многу уреди за управување, собрани во еден-единствен компактен и интуитивен инструмент! Возачот може да оперира со две такви "волшебни стапчиња" како некој виртуоз, а како дополнување на тоа има и 8 контролни копчиња на самиот волан кои лесно можат да се дофатат со палците на рацете.
Дизајнирани за практичност и удобност
Чувството во ентериерот на Korando Sports е мошне пријатно, токму онака како што и делува на прв поглед. Седиштата можат да бидат порачани со тапацир од природна кожа или висококвалитетен текстил, а како опција може да им се вгради загревање. Седиштето на возачот се движи во 8 насоки за прецизно подесување кон секоја фигура, додека совозачкото седиште се подесува во 4 насоки. Во просторната кабина се предвидени и мноштво места за одлагање на мали и големи предмети.
Возачкото седиште може да се подесува според фигурата на возачот во 8 насоки, а тоа на совозачот во 4 насоки.
Патниците на задните седишта можат да го подесуваат наклонот на седиштата под агол до 29 степени, за покомфорно патување.
во студените денови ги разгалуваат со топлина возачот и патниците.
обезбедува пријатна температура во кабината преку целата година.