Семејството на прво место

Tivoli e исклучително цврст и сигурен Tivoli safety

Создаден од SsangYong - производител на високопроодни автомобили и со огромно искуство зад себе, Tivoli е проектиран така да гарантира издржливост – како на патот така и надвор од него. Над 70% од конструкцијата на кабината е изработена од исклучително цврст челик, а како би се свела на минимум деформацијата при удар, 10 клучни зони се дополнително засилени така што се пресувани на висока температура. За уште поголема заштита на сите патници, Tivoli е опремен со 7 воздушни перници - вклучително за колената на возачот, како и со редица модерни системи за сигурност како што се двојни предзатегнувачи на појасите на петте седишта, звучна сигнализација за незакопчан појас, ISOFIX конектори за детски седишта и најновите електронски системи за активна заштита, кои му помагаат на возачот избегнување на разни опасности на патот.

Tivoli steel frame