Високо ниво на опременост

Со огромно внимание кон секој детал

Tivoli dashboard
Tivoli interior in beige
Tivoli interior in red

Новиот Tivoli може да се пофали со ентериер кој ги надминува очекувањата дури и на клиентите со најголеми побарувања - со модерно и ергономично место за возачот, истовремено дизајнерска, луксузно исполнета и богата со опрема кабина, како би се пружил за максимален комфор на секој патник. Верзијата Premium доаѓа со загревани кожени седишта и ниво на опременост кое е недостижно за конкурентите во оваа класа.

Внатрешен простор

Ергономски и луксузен

Tivoli seats

Внатрешниот простор е едно од најубавите нешта во Tivoli. Луксузниот ентериер е до најситниот детал подреден за максимално уживање во просторот и комфор на патниците. Како резултат на тоа Tivoli располага со модерна и изненадувачки просторна кабина за еден компактен SUV, оддавајќи чувство на интелигенција и висока класа.