Дизаjнерски концепт

Спортски пикап

Korando Sports - Дизаjнерски концепт

Целта на концептот SUT 1 е едноставна - да биде најдобриот пикап на светот. Проектиран во духот на целосната дизајнерска филозофија на SsangYong Motor, односно "елитен, силен, специјален" проектот SUT 1 вметнува нов, модерен стил кон класичниот пикап дизајн. Со својот просторен eнтериер, остри линии и изразениот дизајн на фаровите, овој динамичен, моќен и модерен пикап е идеален како за кампинг и скијачки патешествија, така и за работа или секојдневно возење низ градот.

При проектирањето на SUT 1 се земени предвид како сигурноста, така и удобноста на патниците, а што се гледа од вклучените додатоци како што се електричниот сончев кров, аудио-системот со Bluetooth, камерата за помош при возење наназад и борд компјутерот. Системите за сигурност вклучуваат ESP, воздушни перници и др. За да ги достигне и надмине стандардите за еколошка подобност и висока горивна ефикасност - очекувани од еден современ автомобил, пикапот е задвижуван од нова генерација на дволитарски Active Diesel мотор со директно впрскување кој одговара на европскиот еко-стандард Euro 5, има одлична потрошувачка на гориво и ниски емисии на јаглероден диоксид.

Активен авантурист

ги предизвикува најдобрите во својата класа

Korando Sports design concept front

Интелигентен и силен

Концептот SUT 1 го изразува идентитетот на SsangYong низ својот интелигентен и атлетски дизајн. Силуетата на фаровите и маската на ладилникот со форма на раширени крила му даваат стилски изглед, а геометриските линии, особено добро изразени во шестоаголната предна решетка и трапезоидниот браник, го дополнуваат чувството за моќ.

Korando Sports design concept back

Восхитувачки хедонистичен

Како дополнување кон просторната кабина за 5-мина, концептуалниот SUT 1 нуди и фундаментална практичност, која што им помага на луѓето да се насладуваат на сите аспекти на животот - како на секојдневието во средината каде живеат, така и на бегството во природата. Оф-роуд гумите и ролбарот беспрекорно кореспондираат со широката товарна платформа од 2 м. кв., а која овозможува лесно транспортирање на опрема за екстремни спортови.

Автомобил со многу таленти

го дополнува семејството Корандо

Korando Sports финален Дизаjн на прототипа

Модерен стил однадвор и одвнатре

Финалниот дизајн на прототипот SUT-1, еволуиран во стилот на SUV моделот Korando, беше претставен како концепт верзија на идниот SsangYong пикап, за време на Меѓународниот автомобилски саем во Женева.

Сериската верзија, логично наречена Korando Sports, излезе на пазарот во форма на еден усовршен пикап од нова класа, комбинирајќи ги во себе суспензијата, моторот и рафинираната кабина на една лимузина со комфорот, пространството и високата положба на седиштата, типични за SUV и грубата работна сила на еден товарен пикап.

ТБарате високопрооден автомобил, кој ќе влезе во Вашето оптоварено секојдневие? Што ќе речете за моќен работен пикап, кој се вози како директорска лимузина? Динамичен транспортер за следната викенд-авантура со товарен капацитет од цел еден тон и 2.7 тони капацитет на влечење? Стилски семеен 4x4 со неверојатно сестран товарен простор?

Mожете да сопрете со барањето, затоа што Корандо Спортс го има сето тоа. Колку е прекрасно чувството да управуваш автомобил со толку многу таленти!