Достапен луксуз


Made_in_Korea

Korean Premium

Ssang Yong е премиум марка и како таква им дава на клиентите можност за порачка на автомобил “по мерка” - индивидуален до последниот детаљ. Се разбира, овластениот застапник за Македонија Мак Ратола предлага и готови, внимателно конфигурирани решенија. Тие ги задоволуваат најчесто среќаваните барања и даваат предност пред долгиот рок за фабричка испорака.

Во индивидуалниот поход на конфигурирањето на автомобилот заедно со естетиката и механиката, во сообразност со Вашите барања и потреби, може да Ви пристапат во помош нашите стручни кадри. Сега консултантите од Мак Ратола ќе Ви предложат не само автомобил, туку и нов член на Вашето семејство, љубимец, верен пријател. Треба само да се обратите во нашиот салон, да кажете што барате од еден теренец и да уживате во презентацијата.

Со пристапни цени и поволни услови на плаќање ќе можете да си дозволите автомобил од Вашите соништа.