Забележителен надворешен изглед

Ги поставува стандардите високо

Целосниот дизајн на новиот Korando Sports сугерира динамика и моќ. Острите црти на поклопецот на моторот, шестоаголната решетка на ладилникот и аглестите црни фарови на уникатен начин комбинираат динамичност и рафинираност. Необичната мрежеста шара на решетката на ладилникот го подцртува спортскиот излглед на предницата. Профилот и задниот дел се со модерен аглест дизајн и се надополнуваат на мускулестото лице на новиот Korando Sports.
Подготвени ли сте да бидете забележани? Доминантното присуство на новиот Korando Sports ќе Ви дозволи да се одвоите од толпата каде и да се наоѓате.


Korando Sports logo emblem

Квалитетот е во деталите


Разгледајте го новиот Korando Sports одблизу. Ќе бидете пријатно изненадани од екстра опремата и фасцинирани од високиот квалитет на секој еден детал.

Без компромиси! Овој луксузен пикап е проектиран да го следи Вашиот разбрануван дух и поривите на Вашето срце, со увереност и стил.


Korando Sports radiator grille

Решетка со форма на крила

Мрежестата решетка на ладилникот е со форма на отворени за полетување крила и е потенцирана со хром и црн сјај за уште поимпозантен изглед.

Korando Sports daytime running lights

Дневни светла

Интегрираните во предниот браник прозирни дневни светла се вклучени во стандардната опрема за европскиот пазар, согласно нормите на ЕУ.


Korando Sports headlights

Аглести црни фарови

Обрабените со хром црни фарови се со авангарден аглест дизајн, кој го потенцира впечатокот за висока класа и висока цврстина на автомобилот.

Korando Sports sunroof

Отвор на покривот

Лизгачкиот сончев кров, карактереистичен за спортските автомобили, изгледа убаво и дозволува да му се насладувате на убавото време.

Опремен да Ви помага во работата

...и да Ви го направи одморот уште попријатен

Korando Sports по дефиниција влегува во сечиј активен стил на живот. Товарната платформа му е со плоштина од 2 кв. м. и при спуштена задна врата може да превезува мотоцикли, планински велосипеди, опрема за кампинг и скии, работни инструменти и други долги или обемни товари. Овој цврст и високопрооден пикап ќе Ве однесе до Вашата цел комфорно и сигурно, независно дали патувате за работа или задоволство.


Korando Sports surf

Просторна товарна платформа

Оставете го багажниот простор отворен за лесен достап до товарната платформа со плоштина од 2.04м². Целосно обложениот багажник има вградени точки за закотвување на товарите. Со неверојатната практичност, удобност и универзалност, Korando Sports е готов да ги пречека сите предизвици на животот.

Korando Sports half top

Стилски трансформер

Опционалните висок и низок хардтоп, го претвораат пикапот во полновреден SUV. Tиe се хармонизираат со основното тело по стил и боја, а благодарејќи на опремата која вклучува загревање на задното стакло, искосено предно стакло, LED внатрешно осветлување, централно заклучување, странични прозорци кои се отвораат, шини на покривот и др. екстри, Вашиот пикап станува елегантен SUV.


Korando Sports tyre pressure monitoring system

Адекватни гуми и бандажи


18-цолните бандажи на Korando Sports се без фланша, а тоа ги прави да изгледаат еден број поголеми од стандардните лиени бандажи.
Опционалниот систем за контролирање на притисокот во гумите (TPMS) го предупредува возачот ако некоја од гумите има потреба да биде напумпана или издишана, а во функција на подобрување како на сигурноста, така и на ефективноста при потрошувачката на гориво.

Korando Sports 18 inches Hyper silver wheels

18" сребрени лиени бандажии

Korando Sports 18 inches alloy wheels

18" лиени бандажи

Korando Sports 16 inches light alloy wheels

16" лиени бандажи

Изразете се себе си

Korando Sports е проектиран да ги стимулира сите пет сетила

Изборот на боја на автомобилот во голем степен ја одразува личноста на неговиот сопственик. Од нежната "Благородно бела" до класичната "Космос црна", Korando Sports може да биде порачан во седум елегантни бои.

Изберете ја својата боја:

Grand White
Grand White
Fine Silver
Fine Silver
Marble Grey
Marble Grey
Indian Red
Indian Red
Fijian Blue
Fijian Blue
Rocky Brown
Rocky Brown
Space Black
Space Black

Забелешка за боите: Реалните нијанси на боите можат малку да се разликуваат од тие кои се прикажани на снимките, како поради карактеристиките на самата фотографијата така и поради подесувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка направете споредба со физичките мостри на бои кои се наоѓаат кај Вашиот авторизиран дилер.