Робусноста на SUV интерпретирана во софистициран стил
Внатрешноста на Rexton W е подигната до ниво на премиум класа, а нејзиниот модерен стил обезбедува комфор за возачот и патниците како во луксузен салон. Чувството на луксуз го доживувате веднаш штом ќе влезете во кабината, почнувајќи од ќумурно црната внатрешност надополнета со метални апликации. Тоа чувство расте се' посилно со секој ваш контакт со многубројните додатоци, вградени во функција на задоволување на секоја ваша желба.
Истакнат и функционален
Од едноставната и елегантна инструмент табла па се до современите, ненаметливи контролни команди на уредите, повеќе од јасно е дека Rexton W е стилски и внатре како и однадвор. Луксузниот ентериер е комплетиран благодарејќи им на уредите вградени за задоволување на сите ваши потреби, како и завршните материјали со врвен квалитет.
Комбинација на едноставност и стил: со зелена боја во нијанса на скапоцениот камен Жад, вашите очи ќе бидат постојано опуштени а LED контролните сијалички видливи во секое време.
Сребрената боја на централната контролна табла во комбинација со блескав алуминиумски прав и елегантни хром линии, дава едноставен а истовремено луксузен ефект.
Сите седишта имаат функција на греење и функција на прилагодување на потпирачот за грб за што поудобно возење за патниците и возачот. Предните седишта располагаат со подесување на температурата во 5 степени – и се во самиот врв на својата класа, додека греењето на вториот ред седишта има функција за вклучување и исклучување. Функција на греење на седиштата обезбедува удобно возење и при екстремно студените зимски денови.
Возачкото седиште е дизајнирано така што посебно внимание и е посветено на удобноста на возачот и оптимална поддршка за телото при возење. Дополнителната лумбална поддршка обезбедува посилна и побезбедна поддршка за долниот дел на грбот. Ергономски дизајнираното седиште овозможува поголема удобност за време на долгите патувања.
Дури тројца различни возачи можат да ги внесат своите параметри за позиционирање на седиштето и надворешните ретровизори.
Возачкото седиште се спушта и поместува наназад после гасење на моторот и вадење на клучот од бравата.
Систем за едноставен влез во возилото
Седиштето се подесува во 8 правци
Нов тип потпирач за глава
Зголемена флексибилност за зголемена вредност
Rexton W претставува врв на практичноста, овозможувајќи ви да сторите повеќе и понесете повеќе. Седиштата можат да се прилагодуваат на различни начини како би се постигнала максимална искористеност на пространата внатрешност. Носачите за багажник на покривот се погодни за превоз на велосипеди како и други големи предмети од кои не сакате да се откажете при вашите екскурзии во природата.
Максимален капацитет: овозможува удобен превоз за 7 патници
Овозможува удобен превоз за 5 патници и голем багажен простор
Може да се превезуваат долги предмети како на пр. Голф торби, скии и сл.
Максимален капацитет на багажниот простор за превоз на предмети со големи димензии
Темна или светла, кожа или текстил – сами креирајте ја својата внатрешност
Достапен во кожа или високо квалитетен штоф
Достапен во кожа или рамно ткаен материјал