Извонредни перформанси на патот и надвор од него

Исклучителни карактеристики кои ја зголемуваат ефикасноста и го прават возењето забава

Креиран од SsangYong, исклучително искусен производител на 4WD возила, целокупната структура на Korando е дизајнирана за стабилни возни својства на патот и надвор од него. Новиот погонски склоп со напредни технологии овозможува врвно возачко искуство за еден компактен SUV.

Бензин и дизел: одличен избор во било кој случај

Трите моќни и еколошки чисти мотори обезбедуваат динамични перформанси и висока заштита на животната средина

Korando 2.0 e-xDi engine

2.0-литарскиот XDi дизел мотор обезбедува максимална моќност од 175 кс и максимален вртежен момент од 360 Nm. Оптималниот вртежен момент е во распон меѓу 2.000 - 3.000 вртежи во минута и овозможува забрзување без никаков напор уште од најниски вртежи, со просечна потрошувачка од 6,0 л. / 100 км. Новиот 2.0-литарски еко-дизел мотор со 149 КС дава уште помала потрошувачка на гориво и намалена емисија на CO2 од 147 g / km.

2.0-литарскиот бензински мотор обезбедува максимална моќност од 149 КС и максимален вртежен момент од 191 Nm, со мошне конкурентна потрошувачка од 6,2 л. / 100 км.

Завршниот тест за секој нов мотор е тестот на издржливост, а сите нови мотори на Korando го положија кај Mercedes-Benz – и тоа со извонредни резултати. Ова е најтешкиот испит во светот за секој нов мотор, дизајниран така да го тестира до самите граници на издржливост, а дури потоа се монтира под хаубата на производствениот модел. Конечниот печат на одобрување за новите мотори на Korando беше даден дури откако тие претрпеа најекстремни тестирања возејќи во реалниот свет - како во најжешките така и во најстудените средини што воопшто постојат.

Примената на нови технологии кои имаат за цел намалување на бучавата и вибрациите овозможува поголемо задоволство во возењето, било да е тоа при стартување, забрзување или намалување на брзината.

Префрлете во брзина!

6-степениот мануелен или автоматски менувач ќе ги задоволат сите стилови на возење

Korando 6-speed automatic transmission

6-степен мануелен менувач

Преносните односи на 6-степениот мануелен менувач се развиени така да го подобрат забрзувањето, истовремено нудејќи високо економично возење при ниски брзини на моторот на автопат. Ефикасноста и трајноста се исто така подобрени благодарејќи на оптимизираното подмачкување со масло, а особено внимание е посветено на намалување на звуците при било која брзина.

6-степен автоматски менувач

6-степениот автоматски менувач користи Е-Tronic систем и поседува вештачка интелигенција која обезбедува динамичено возење и оптимални промени на степените така што автоматски се прилагодува на температура на маслото во менувачот и условите на патот. Стандардниот режим на автоматскиот пренос се користи во нормални услови на патот - за да се обезбеди оптимална ефикасност и возни својства, додека зимскиот режим му овозможува на возилото да стартува со втората брзина со што се спречува пролизгување на снег или мраз.

Мануелен режим на промена на брзините (со 6-степениот автоматски менувач AT): Уживајте во динамично возење користејќи ги прекинувачите кои се наоѓаат на самиот волан, како и на рачката на менувачот.

Одлична контрола, фантастично возење

Софистицираните системи за пренос и потпирање ви овозможуваат безбедно и удобно возење

За да се задоволат сите потреби, очекувања и буџети на клиентите, Korando се нуди во верзии со погон на предните тркала и со погон на четири тркала. И додека вашиот Korando со погон на предните тркала нуди најниска можна цена, напредниот AWD систем на SsangYong ќе ви обезбеди најголема динамика на патот и вон него.

Електронски контролиран AWD систем

AWD системот кај Korando се вклучува по потреба. Надгледувајќи го степенот на контакт со подлогата, оваа технологија може да ги процени моменталните услови на патот пред да ја дистрибуира силата на некое од тркалата – каде таа е во моментот најпотребна.


Korando 2.0 AWD 2WD

Нормални услови за возење

претежно 2WD

Под нормални услови на возење, 100 проценти од вртежниот момент на моторот се дистрибуира на предните тркала, така што Korando може да функционира еднакво економично како и обичен семеен автомобил.


Korando 2.0 AWD 2WD

Снежни и подмрзнати услови за возење

4WD за подобра стабилност

Веднаш штом предните гуми почнат да ја губат моќта на влечење, силата автоматски се дистрибуира на задните тркала како би се обезбедило безбедно, стабилно и сигурно продолжување на возењето. Оваа технологија, исто така, доаѓа до израз кога треба да се повлече на стрмен терен, овозможувајќи му на Korando-то мазно и безбедно тргнување во секоја пригода.


Korando 2.0 AWD 2WD

Заснежени и замрзнати стрмнини

50:50 дистрибуција на вртежен момент помеѓу предните и задните тркала (4WD заклучување)

Повикувајќи се на своето богато 4x4 знаење, SsangYong не ги заборави сите оние возачи кои од време на време сакаат своето Korando да го изнесат и вон зацртаните патишта, на пример влечејќи приколка по нерамен терен, или едноставно сакаат малку зимска off-road авантура. Токму затоа, нашите инженери овозможија рачно заклучување на AWD системот, при што со притисок на копче, дистрибуцијата на влечната сила станува еднаква помеѓу предните и задните тркала до брзина од 40 км/ч.


Основата на Korandо е неговата безбедност. Во комбинација со ESP (Електронска програма за стабилност) и ABS (Анти-блокирачки систем за сопирање), погонот на сите четири тркала обезбедува најдобар можен контакт со подлогата и максимална контрола, без оглед на условите на патот.

Вон зацртаните патишта

Супериорна суспензија и бескомпромисни off-road способности

Korando suspension

Можете да уживате во нежното и тивко возење на Korando благодарејќи им на напредната MacPherson суспензија напред, и мулти-линк задната суспензија која ги елиминира сите вибрации. Полуосовини со еднаква должина се применети како би се обезбедила одлична стабилизација при возење во правец, а долниот дел од рамката на каросеријата е додатно засилена како би се обезбедила макслимална цврстина на каросеријата и зголемена отпорност при судир.

Korando има клиренс (најмала висина од тлото) од 180 мм, пристапен агол од 22,8 степени, агол при заминување од 28,2 степени и агол на рампа од 18,5 степени. Сето ова резултатира со максимален агол на искачување агол од 48% (за AWD) односно 33% за 2WD, агол на превртување повеќе од 40% и совладување на длабочина од 300 милиметри.

Одличната цврстина и квалитет Korando веќе ги потврди со победата на натпреварот ScanCovery Trial 2012. Возејќи 7000 километри од арктичкиот круг па се до Холандија во месец јануари таа година, победничкиот Korando остави зад себе околу 60 SUV возила притоа возејќи во екстремно тешки временски услови, при температури пониски и од -40°C...

... и последно, но не и помалку важно, капацитетот на влечење на Korando е 2000 кг. и е највисок во својата класа.

Ги влече вашите соништа нанапред