Технологии Врвни перформанси на патот и надвор од него

korando tech cover
Високотехнолошки функции за подобрување на ефективноста и зголемено задоволство при возењето

Од моментот на седнување во возачкото седиште, притискање на копчето за стартување и вклучувањето во брзина, сосем новиот Корандо Ви овозможува комфорно патување со супериорнана стабилност и исклучителна динамика, останувајќи впечатливо тивок дури и при високи брзини.


Мотор и трансмисија Одлична влечна сила и нежна промена на брзините

korando Turbo gasoline engine
Динамично возење

Korando се нуди со целосно нов 1.5 GDI-Turbo бензински мотор или нов 1.6-литарски турбо-дизел, и без оглед на изборот кој ќе го направите Ви гарантира максимална горивна ефективност и задовлство од возењето.

Автоматски менувач

6-степената автоматска менувачка кутија на Korando е од реномираниот јапонски производител Aisin SEIKI. Располага со вештачка интелигенција која овозможува динамично возење и оптимална промена на брзините. Смената на степените на пренос се случуваа е определена во зависност од температурата на маслото во менувачот и патните услови.

Рачен менувач

Користејќи широк спектар на преносни односи, 6-степената рачна менувачка кутија е специјално разработена за подобро почетно забрзување. При возење по автопат таа овозможува работа во ниски вртежи на моторот и висока горивна ефективност. Нејзината ефикасност и долготрајност се подобрени преку оптимизација на подмачкувањето, а шумот при смената на степените е сведен на минимум благодарејќи на современите инженерски решенија.


Сигурност Земи контрола во свои раце

korando safety cover
Секогаш под контрола

Технологиите "Deep Control" не доближуваат до перфектната безбедност како никогаш до сега. Независно дали возите низ град или патувате на долги растојанија, "Deep Control" Ви обезбедува спокојство и ја подигнува Вашата доверба на едно сосем ново ниво.

Овој интегриран систем за "длабок контрола" користи камери, радар и сензори, за да му помага на возачот во секое време.


Korando 5 stars EuroNCAP
Сигурност изразена со 5 ѕвезди

Сосем новиот Korando освои 5 * Euro NCAP рејтинг за безбедност - најсигурниот од тестираните модели. Можете да бидете наполно уверени дека сте направиле вистински избор.


korando front korando side korando rear