ДИЗАЈНЕРСКИ КОНЦЕПТ

Стилски автомобил со зголемена проодност

Korando въведение

Нова платформа, нов дизајн, нови мотори - нашиот нов Korando во "Gangnam стил" носи едно сосема ново освежување на пазарот на кросовери. Со воведување на значителен број на новитети – први од таков вид за Јужно Корејскиот SUV специјалист SsangYong, четвртата генерација на Korando поприма еден модерен, динамичен, урбан и шик изглед. Спојувајќи ги ниските трошоци на возењето и динамичните способности на еден конвенционален семеен хечбек, во возило кое има визуелна привлечност, авантуристички дух и груба теренска моќ на SUV, Korando е целосно во согласност со потребите на модерните клиенти.

Елегантниот SUV со совршени пропорции е оформен во Италија од страна на Giorgetto Giugiaro, човек кој важи за најдобар дизајнер во автомобилската индустрија денес. Севкупната карактерна линија на Korando е дизајнирана така, да ги истакнува своите моќни и сигурни AWD перформанси. Моќниот, харизматичен преден дел на Korando со впечатливите фарови, стилско-спортската предна маска, масивните вшмукувачи на воздух и хромираните детали, е надополнет од динамичниот профил и силните линии на крилата.

ПРЕФИНЕТ УНИВЕРЗАЛЕН СТИЛ

Пријатен и удобен за секого

Korando дизайнерски концепт

Нагласен атлетски изглед

Задниот дел со двојните издувни цевки и двобојниот финиш, ни доловува динамична слика на спринтер кој чека на стартната позиција. Дефинирана линија се протега од предните фарови па се до задната светлосна група, пратејќи ја контурата на телото и потенцирајќи ја атлетската форма на Korando. Неговиот надворешен дизајн е доведен до перфекција благодарејќи им на агресивните дизајнерски елементи кои го воздигнуваат концептот на елеганција во моќта.

Корандо интериор

Внатрешен дизајн во стилот на Zen

Внатрешниот дизајн на Korando одразува ориентална умереност и суптилност. Предната конзола, инспирирана од раширените крилја на жеравот е мошне елегантна, а инструмент таблата со два големи бројчаници е разделена со дигитален дисплеј и е лесно разбирлива. Со внатрешниот дизајн на Korando, на дизајнерите им успеа да го максимизираат просторот, удобноста и практичноста во високо квалитетна и возачки ориентирана кабина.


Дизајниран и развиен за да ги исполни стандардите за заштита на животната средина, Korando нуди висока економичност и ниска емисија на CO2. Додадете ја веќе докажаната чврстина и сигурност што се наоѓаат во самата ДНК на овој SUV специјалист, удобноста и рафинираноста на еден премиум бренд каков што е SsangYong, и веќе ги имате сите карактеристики кои го прават Korando најдобар во својата класа.

ВЕЛИЧЕСТВЕНА ИСТОРИЈА

Korando е водечки модел во SUV сегментот во Јужна Кореја и речиси 40 години е синоним за исполнување на соништата и страстите. Го има и во Гинисовата книга на рекорди, каде ја носи титулата "најдолговечниот корејски модел".

  • Легендата за Korando започна во 1974 година кога првата генерација на моделот беше развиена преку техничка соработка со AMC (American Motor Company).
  • Во 1983 година, втората генерација на Korando отвори ново поглавје во историјата на корејскиот SUV. Врз основа на акумулираното знаење и искуство при увозот и производството на Jeep модели, SsangYong Motor Company претстави различни верзии на возилото.
  • Во 1996 година, дизел технологијата на Mercedes-Benz беше усвоена и Korando мина преку целосна моделска промена, инкарниран во својата трета генерација.

Денес, Korando бара да биде признаен како светски премиум играч во SUV класата. Четвртата генерација на корејската SUV икона доаѓа со новата платформа, ново тело и паметен избор на нови мотори.