SsangYong

SUV специјалистот

SsangYong SUV Art

60 години извонредност

SsangYong е најстариот Јужно Корејски производител на автомобили и во моментов е на 4-то место по обемот на производство. Основан уште во 1954-та, денеска SsangYong важи за глобално реномиран SUV производител од Премиум класата, а во својата гама има SUV модели од сите категории како и возила прилагодени на специфичните животни стилови на своите киенти.

SsangYong - името значи змејови близнаци - отсекогаш бил специјализиран за производство на 4x4 возила и во текот на својата историја е тесно поврзан со многу познати автомобилски брендови, вклучувајќи го и Mercedes-Benz.

Седиштето на SsangYong Motor Company се наоѓа во квартот Gangnam во главниот град на Кореја, Сеул, а неговата фабрика за производство на возила во градот Pyeongtaek (Јужна Кореја) е мошне горда – како на квалитетот на изработка на своите возила така и на супериорниот инженеринг при нивното осмислување.

Корејскиот Премиум SUV производител го прослави својот јубилеј – 60 години постоење во 2014, а во 2015 го претставува својот најнов crossover од Б-сегментот – моделот Tivoli.