Гаранција 5 години или 100 000 км*

* 5 години фабричка гаранција. При секоја гаранција има услови со кои треба да се запознаете.

Гаранциски услови за Tivoli, Euro 6 стандард на емисии на издувни гасови

I. ОПШТИ УСЛОВИ

1.1. Сите новокупени автомобили Tivoli користат гаранција од производителот Ssangyong Motor Company по опишаните по-долу правила.

1.2. Сите авторизирани дилери имаат обврска да ги задоволат основаните гаранциски побарувања од клиентот, кои се засновават врз гаранциските услови на производителот и се поднесени кај дилерите на Ssangyong Motor Company во согласност со актуелните услови. Прифаќањето на таквите поплаки се извршува на како што е опишано во овие услови.

1.3. Гаранција на производителот Ssangyong Motor Company за секој дефект на материјалот, на монтажата или на изработката, за рок, кој е посочен во гаранциската книшка на автомобилот, влегува во сила од моментот на датата на предавањето на автомобилот, означена во гаранциската книшка, а која била врачена при добивањето на автомобилот.

1.4. Сите авторизирани дилери на Ssangyong Motor Company преземаат спрема клиентот гаранција во рамките на гаранциоските услови, кои се содржани во издадените од производителот правила. Овие гаранциски услови, заедно со исклучоците од нив, се опишани подробно во придружните документи на автомобилот. Клиентот изјавува со потпис врз договорот за продажба, дека е запознат со гаранциските услови на производителот и ги прифаќа.

1.5. Гаранциски побарувања можат да се поднесат во рамките на посочените рокови од страна на производителот.

1.6. Услов за валидноста на гарантните побарувања поврзани со периодичните технички прегледи и одржување на автомобилот, согласно упатствата на производителот, е имањето сервисна книшка, која припаѓа кон возилото, а која е заверена од овластени дилери на Ssangyong Motor Company и во која се внесени и заверени од соодветните сервисери - сите извршени периодични прегледи и сервисни интервали, пропишани од производителот.

II. ФАБРИЧКА ГАРАНЦИЈА ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ

5 (пет) години или 100 000 изминати километри, кое од двете прво ќе настапи.

2.1. За автомобилот производителотт обезбедува соодветна на актуалното ниво на техничкиот развој гаранција. Се гарантира немање дефекти во фабричкиот материјал и во фабричката изработка.

2.2. Рокот на гаранцијата е 60 (шеесет) месеци и започнува да тече от денот на предавањето или от денот на првата регистрација на автомобилот, или до 100 000 (сто илјади) изминати километри, кое од двете прво ќе настапи.

2.3. Гаранциски побарувања можат да се поднесат само во признати и авторизирани од производителот сервиси во државите от Европската Унија или во други држави, посочени во оригиналната и заверена сервисна книшка. Поднесени во други држави гаранциски побарувања можат да не бидат задоволени. Гаранциските дефекти се одстрануваат само во признати и авторизирани од производителот сервиси и сообразно техничките барања и укажувања на производителот. Производителот го информира клиентот за постоечките во државата, признати и авторизирани од производителот сервиси, а клиентот е должен да ги следи тие укажувања, а во функција на запазувањето на гаранцијата.

2.4. Гаранцијата се состои од обврска на авторизираните сервиси во рамките на гаранцискиот рок за поправка или за замена на дефектните делови – во сообразност со техничките барања. Заменетите делови стануваат сопственост на Ssangyong Motor Company во моментот на нивната замена со нови. За вградените во гаранциски ремонт делови се дава гаранција со рок до истекувањето на гаранцискиот рок на автомобилот.

2.5. Гаранциската одговорност е исклучена во секој еден од подолу посочените случаи:

2.5.1. При штети, предизвикани при несреќа, т.е. при настан, при кој одеднаш и непосредно влијае надворешна механичка сила;

2.5.2. При штети, предизвикани от самоиницирани или злонамерени дејства, при штети, настанати преку одземање на владеењето, особено при кражба, при неовластено користење, грабеж или присвојување, при оштетувања непосредно нанесени од животни, од бура, град, студ, корозија, удар на гром, земјотрес, поплава, краток спој, пожар или експлозија;

2.5.3. При штети, настанати преку воени настани од секаков вид, граѓанска војна, внатрешни немири, штрајк, задржување, конфискација или какви и да било други дејствија на носител на власт, како и преку атомска енергија;

2.5.4. При штети, настанати од учество во настан со натпреварувачки карактер, или тренинзи поврзани со него;

2.5.5. При штети, кои произлегуваат од тоа дека моторното возило било подложено на повисоки осовински оптоварувања, или повисоки оптоварувања од приколки, или повисока вкупна тежина од граничните вредности пропишани од производителот;

2.5.6. При штети, настанати од употребата на несоодветни средства за подмачкување и гориво;

2.5.7. При штети, настанати поради промена во првичната конструкција на возилото (на пример тјунинг, монтирање на гасна инсталација и сл.) или поради вградување на резервни делови од друг производител или резервни делови кои не се одобрени од страна на производителот;

2.5.8. При штети, настанати поради употребата на дел за кој е очигледно дека е потребна поправка, освен кога штетата докажано не се наоѓа во причинско-следстевна врска со оваа потреба од поправка, или кога делот за кој е очигледно дека била потребна поправка, бил поправен ненавремено и од несоодветно квалификувано лице;

2.5.9. При штети на моторното возило, кога купувачот / корисникот на гаранцијата го употребува возилото барем делумно за превоз на патници по основ на занимање, или го изнајмува барем делумно по занимање, за користење од различни лица.

2.5.10. Кога не се исполнети точно инструкциите или барањата на производителот или на овластениот сервис за спроведување на периодични технички прегледи, сервисирање, поправки или одржување на предметот на продажба; почитување на овие упатства или барања се докажува со записите во заверената од продавачот сервисна книшка, извршени од страна на овластени од производителот сервисери.

2.6. Некои ограничувања на обемот на вкупната гаранција

Со ограничена гаранција се покриени следниве детали:

2.6.1. Боја – 5 години или 100 000 км, кое од двете прво ќе настапи.

2.6.2. Аудио – 3 години или 100 000 км, кое од двете прво ќе настапи.

2.6.3. Акумулатор – 2 години или 40 000 км, кое од двете прво ќе настапи.

2.6.4. Ламела/потисна плоча и дискови на сопирачките - 2 години или 40 000 км, кое од двете прво ќе настапи.

2.7. Не се покриваат од гаранција промени во форма на абење, а кои се последица на нормална употреба на автомобилот.

2.8. Промената на сопственоста не влијае на важноста на гаранцијата за возилото. При промена на сопственоста не престанува обврската на секој последователен сопственик да го докаже исполнувањето на обврските во врска со Сервисната книшка.

2.9. Исклучено е било какво прифаќање на гарантните побарувања преку плаќање на парични износи. Гарантните побарувања се задоволуваат само преку отстранување на соодветните дефекти.

2.10. Гаранциската одговорност на производителот не вклучува обврска за доставување на заменски автомобил за времето на поправката, ниту вклучува задоволување на други оштетни побарувања освен оние опишани тука.

2.11. Дополнителните гарантни услови опишани во Сервисната книшка, се во сила само кога книшката е прописно заверена од овластено за таа цел лице, од страна на производителот. Секакви гарантни услови опишани во Сервисната книшка, ја губат својата важност кога Сервисната книшка или делови од неа се поправани или фалсификувани.