Корејски SUV од Премиум-класата

со Европско лице и срце

Rexton W design concept front

Rexton е бренд сам по себе, особено тука - во Европа. “Одгледан“ во 21 век, предводникот на SsangYong го испорачува најдоброто од најдоброто, а во функција на креирање на единствена комбинација од цврстина и софистицираност.

Дизајнерскиот концепт на Rexton е стилизиран во Торино, Италија – од страна на Italdesign-Giugiaro а е базиран на платформата на Mercedes M класата, додека моторните и погонските единици се или директно набавувани од Mercedes-Benz, или пак се произведуваат по негова лиценца.

Инженеринг и дизајнерски концепт

Најдобро од најдоброто

Rexton by Giorgietto Giugiaro

Италијанска висока мода

Дизајниран од легендарниот Giorgietto Giugiaro од Ital Design, Rexton ја претставува врвната фузија на различни стилови: луксузен, футуристички и софистициран. Тој претставува мешавина на мускулната фигура на еден SUV со елегантните контури на еден патнички автомобил. Суптилните подобрувања кај редизајнираниот Rexton W ги вклучуваат новата предната маска, ултра модерните фарови, електричното прилагодување и можност за преклопување на надворешните ретровизори и хромираната издувна цевка. Гледано од секој агол, надворешноста на новиот Rexton W цврсто ги истакнува тоновите на елеганција и престиж.

Rexton W design concept back

Mercedes-Benz технологија

Одликувајќи се со ултра-крута рамка на шасијата и 4WD погон со избор помеѓу високи и ниски преносни односи, Rexton W е создаден за оние кои имаат потреба од вистинско off-road возење и високи влечни способности. Корејскиот премиум SUV претставува врв во смисол на практичноста, овозможувајќи ви да правите повеќе и пренесувате повеќе, вклучувајќи до седум лица, со несекојдневен стил и удобност. Стандардниот 5-брзински Е-Tronic автоматски менувач изработен со технологија на Mercedes-Benz обезбедува мазна и мирна промена на брзините со оптимални перформанси и голема ефикасност при потрошувачката на гориво. Напредниот Euro-5 турбо дизел мотор испорачува до 360Nm вртежен момент, овозможувајќи влечење на приколка со тежина до 2,6 тони.


Со гордост ја носи буквата W

Дизајниран со идеја да ги свртува погледите и да ги заробува срцата

Rexton W emblem

Еволуцијата на “предводникот“

Rexton W - актуелната генерација на најпрестижниот модел на SsangYong останува верна на идентитетот на брендот додека новите, надградени елементи го максимизираат задоволството и вредноста што овој извонреден SUV ги испорачува. "W" во името означува "Work of art" (уметничко дело) и "World class" (светска класа), нагласувајќи го модерниот и софистициран дизајнерски концепт.

Rexton е исто така познат по понудата на голем број мали "екстри" кои ќе направат голема разлика во тоа како се чувствувате во вашиот SUV. Вие сте третирани на начин кој го очекувате од едно луксузно возило. Создаден е за оние кои го ценат врвниот квалитет и кои уживаат да возат.

Нашиот нов Rexton W гордо ја продолжува традицијата на предводник на марката со знак на "змејови-близнаци" со спортски и стилски "фејслифт" и големо срце под хаубата. Сè што ви се допадна во претходното издание на Rexton е назад, плус многу повеќе. Со својот моќен и економичен мотор, карактеристичниот и престижен изглед и импресивната листа на карактеристики, новиот Rexton W е практично непобедлив кога е во прашање стилот, практичноста и добиената вредност за вложените парите.